Задолжителен седумдневен карантин за сите кои пристигнуваат во Грција
Од три на седум дена е зголемен домашниот карантинот за сите оние кои од странство пристигнуваат во Грција, согласно новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство, што од денеска ќе стапат во сила до 21 јануари, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар Passenger Locator Form за патување во Грција.
Рапид тест ќе им се прави на сите патници кои пристигнуваат од Велика Британија, за кои се воведени посебни правила.
По истекот на седумдневниот карантин, потребно ќе биде да направат ПЦР тест и доколку е негативен, ќе заврши нивната домашна изолација, а во спротивно карантинот ќе трае 14 дена.
За сите кои од странство пристигнуваат во Грција, задолжителен е негативен ПЦР тест, направен 72 часа пред патувањето.
Ново на Сител
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран
-
Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона
-
Мицкоски: Жално е што во 21 век во ЕП на талибански начин се оспоруваат македонскиот идентитет и јазик