Забрането движење по мостот меѓу Долни Балван и Таринци, но месносто население не ја почитува сообраќајната сигнализација
Мостот на реката Брегалница, кој ги поврзува карбинските села Долни Балван и Таринци се уште е затворен за сообраќај, но очигледно е дека месното население не ја почитува забраната и покрај тоа што е ставен насип со земја и има сигнализација да не се поминува по него.
Овој мост попушти по налетот на водата и дрвјата кон средината на декември минатата година, кога се зголеми нивото на реката Брегалница. Поради зголемиот водостој на реката во овој период се уште не е направен увид за да се види колкава е штетата и што на него треба да се санира. Градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов, вели дека побарале и дозвола од Министерството за животна средина да се пренаосочи коритото.
-Приоритет ми е прво мостот да се оспособи за движење. Потоа ќе се разгледува и прашањето за одговорноста. Ние побаравме дозвола од Министерството за животна средина да се пренасочи коритото за да може да се направи комплетен увид и да се утврди стабилноста на тлото. Во меѓувреме разговараме и за изработка на целосен проект за санација. Потоа ќе се бараат пари за негова реализација, рече Паунов.
Претставници од Министерството за животна средина биле и во контрола за да се види дали чистењето на речното корито е направено според проектот.
Регионалниот пат меѓу селата Долни Балван и Таринци со години чека на реконструкција, проектот е готов, а со него е предвидена и изградба и на велосипедска патека. Проектот во моментов е на ревизија во Министерството за транспорт и врски, а овој пат е дивоградба и досега не можеше да се впише во Катастар, ниту на него да се работи на проширување.
Ново на Сител
-
Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд, учесници на младинските олимписки игри
-
Последиците од пожарот во Езерани | ВИДЕО
-
Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа со остар пад во јуни
-
До недела многу топло, до 43 степени
-
Орбан: Христијанските и конзервативните вредности не се спротивни на демократијата
-
Објектите за спорт во сопственост на државата управувани од јавно претпријатие кое законски престанало да постои во 2017 година
-
Шест студенти се удавија во рудник во Кина
-
Зеленски: Како одговор на предлогот за прекин на огнот, Русија продолжи со нападите врз цивилни цели