-->
-->
Забранет влез на граничниот премин Делчево за лица од Северна Италија поради коронавирусот
-->
Веќе четврти ден на граничниот премин Делчево лицата кои доаѓаат од погодените подрачја со коронавирус во Северна Италија, се пренасочуваат кон граничните премини на Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир. Како што информираа надлежните за МИА, на граничниот премин Делчево, согласно препораките на Владата, од 25 февруари 2020 година, се засилени мерките заради намалување на ризикот од појава и ширење на коронавирусот.
-На граничниот премин Делчево и Ново Село државјани кои доаѓаат од регионите во Северна Италија зафатени со вирусот не можат да влезат во државата. Поради одбегнување секакви компликации околу ширењето на коронавирусот и да се избегне патувањето и по неколку стотини километри, ги известуваме патниците кои доаѓаат од споменатите подрачја во Северна Италија дека дозволен влез во државата е единствено преку граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир, како и аеродромите во Охрид и Скопје, вела надлежните.
За да се одбегнат сите ризици како и било какви дополнителни трошоци при патувањето надлежните посочуваат дека согласно препораките на Владата на РМ, оние кои планираат да влезат преку овој граничен премин ќе бидат вратени и пренасочени за влез во државата кон граничните премини каде тоа е дозволено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО