Забрана за камиони на неколку патни правци во западна Македонија
Поради обилни врнежи на снег од превентивни причини утрово од осум часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар и на магистралниот пат Охрид - Гостивар на планинските превои Стража и Пресека.
Забрана за тешки товарни возила од 8.20 часот е воведена и на магистралниот пат Гостивар - Дебар, поточно од Мавровска крстосница кон Дебар, a oд 9 часот - на патниот правец крак Маврово - Дебар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот.
Патниот правец Македонски Брод - село Здуње на кој гравитираат 11 села не е прооден за секаков вид сообраќај.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Деве Баир каде има задржување од 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Авионскиот и железничкиот сообраќај засега се одвиваат без застои.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора