Забава за лицата со Даунов синдром во Безистен
Со цел зголемување на свеста за лицата со Даунов синдром Центарот за младински активизам ЦМА КРИК вечер во Безистенот на Старата скопска чаршија организира забава, како дел од активностите во октомври - месец посветен на овие лица.
На забавата ќе бидат прикажани едукативни видеа и ќе се одржат квизови. - Поканет е секој кој сака заедно со нас да го прослави месецот октомври, велат од Центарот кои во изминатиот период спроведоа низа активности и на социјалните медиуми.
Даунов синдром е генетско нарушување. Менталниот развој кај лицата со Даунов може да биде од лесна до средна (умерена) попреченост. Малкумина од нив имаа тешка ментална попреченост. Застапеноста на Дауновиот синдром е 1 на 800 или 1.000 раѓања. Иако некои од физичките недостатоци не можат да бидат надминати, соодветната образование и грижа може да го подобри квалитетот на живот кај овие луѓе, така што овие лица уживаат во секојдневните активности исто како и сите останати. Тие уживаат да танцуваат, да се дружат, да пеат, да одат во училиште, соопштуваат од ЦМА КРИК.
Ново на Сител
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места
-
Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите
-
Македонец и двајца Срби мачени, убиени и спакувани во црни кеси во Боливија
-
69 лица повредени по жестоките судири на демонстрантите во Србија
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода