Македонија
17. March 2017 - 21:39

ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА се приклучија и македонски села: Граѓаните во 33 градови и 8 села кажаа НЕ за редефинирање на државата

Покрај денешните протести во 33 градови, со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА се приклучија и 8 села од нашата држава.

Љубанци – Бутел, Кравари – Битола, Три Чешми – Штип, Лескоец – Охрид, Јанкоец – Ресен, Мамутчево – Велес, Другово – Кичево, Ваташа- Кавадарци, се 8-те македонски села кои денеска кажаа НЕ за албанската платформа и НЕ за редефинирање на Македонија.

sela1

sela2

sela3

sela5

Инаку, секој ден над 150.000 граѓани на улиците во градовите ширум Македонија, веќе 19 дена по ред даваат поддршка на иницијативата „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“.

Денеска граѓаните протестираа и во 33 града.