За ВМРО-ДПМНЕ неприфатлив предлогот за медиумите од СДСМ
ВМРО - ДПМНЕ го отфрли предлогот на СДСМ за уредување на медиуми. Предлогот е фрапантно лош, еднакво лош како стариот предлог кој го имаа пред два три месеци, соопшти Илија Димовски пред почетокот на состанокот на работните групи вечерва во Клубот на пратениците.
- Ние искрено не можеме да разбереме во какво опкружување работат, размислуваат и постапуваат овие луѓе. Ова е предлог кој го нема не само во ниту една европска држава, туку го нема никаде во светот. Ова е луд предлог кој значи понатамошна деструкција, изјави Димовски.
Тој нагласи дека предлогот што го достави СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ е комплетно неприфатлив од повеќе причини.
- Во многу делови предлогот е спротивен на Уставот и е спротивен на Европската конвенција за човекови права кои гарантираат слобода на мислење, став и негово изразување. Со предлогот се предвидува зголемување на казните за медиумите во РМ, рече Димовски.
Во него, нагласи, се предвидува комплетната раководна структура на Управниот одбор на Агенцијата на медиуми и МРТ да биде составена исклучиво од лица коишто работат во невладини организции финансирани од СОРОС.
- Тоа знаи дека Македонија целата медиумска сфера ќе ја отстапи на фондацијата СОРОС и тие ќе одлучуваат кој медиум ќе работи, кој медиум нема да работи, како треба да работи, дали смее да зборува, дали не смее да зборува, да ли смее да има емисии, дали не смее да има емисија, прецизира Димовски.
Во предлогот на СДСМ, додаде, се предвидени нови одредби со кои се предвидуваат казни за таканаречено професионално новинарство, односно одреден прилог дали е објективен или необјективен, дали професионален или непрофесионален, дали ги има во себе едната, втората, третата, четврата, петата, страна или ги нема.
- Врз база на субјективна проценка на Агенцијата на медиуми ќе може да се изрекуваат најтешки казни за медиумите вклучително и одземање на концесија односно бришење од регистар на медиуми, посочи Димовски.
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата