За влез во Словенија од БиХ, Србија и од Косово воведен карантин
Словенечката Влада ги заостри условите за влез на патниците од „трети“ држави надвор од ЕУ, така што од полноќ нема да може да се влезе од БиХ, Србија и Косово без задолжителен 14-дневен карантин или негативен тест Ковид-19.
Тие држави, каде е забележано поголемо дневно зголемување на пациенти со коронавирус, се ставени на т.н. „црвена листа“ на епидемиолошки несигурни држави каде веќе е и Северна Македонија.
Бугарија, која досега беше на „зелениот список“, е испратена на понизок „жолт список“, во кој се вклучени и неколку други земји на ЕУ со полоша епидемиолошка состојба, одлучи владата.
Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс рече дека тоа е сторено поради ризик од внесување на коронавирусот во Словенија и опасност од евентуален втор бран на епидемијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица