За Велики петок останете дома: Еве какво време не чека за велигденскиот викенд
Ако планирате нешто во природа за велигденските празници, најдобро е тоа да го направите во недела или понеделник, бидејќи со стартот на продолжениот велигденски викенд, ќе ни се расипе и времето.
Денеска, утре и задутре ќе имаме вистински пролетни услови. Повремено ќе има облаци но деновите ќе бидат со многу сонце и температури кои во некои делови од земјата ќе достигнат 27 степени, а во Скопје до 23.
Во петок значителен пад на температурите и тмурен, дождлив ден. Максималната температура ќе се искачи до 15 степени, а денот воопшто нема да биде добар за прошетки, освен ако не сте од оние кои уживаат на дожд под чадорот.
Во сабота ќе почне стабилизацијата, но денот ќе биде претежно облачен со максимални температури до 22 степени низ Македонија и 19 во Скопје.
Во недела ќе биде вистинско уживање. 25 степени низ Македонија проследени со многу сонце и 21 во Скопје ќе креираат услови за совршено велигденско уживање во природа.
Слично време ќе не чека и во понеделник, а веќе со почетокот на работата недела од вторник ќе почне период на наоблачување, што до крајот на неделата и викендот по Велигден ќе донесе и намалување на температурите.
Долгорочните прогнози најавуваат заладување и интензивни врнежи во претпоследната недела од април и услови кои воопшто не личат на пролет. Температурите се очекува да се спуштат под 14 степени, а утринските и до 2 степен, што се чини ќе биде последното што ќе има да го каже задоцнетата зима со која си имавме проблеми оваа година.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години