Свет
31. August 2015 - 17:44

За три дена во Грција спасени 2.500 мигранти

Грчката крајбрежна стража соопшти дека спасила речиси 2.500 имигранти во море во десетици спасувачки операции во викендот.

- Спасени се вкупно 2.492 лица во 70 операции крај источните острови Лезбос, Иос, Самос, Агатониси, Фармакониси, Кос и Сими од петокот наутро до денеска, соопшти крајбрежната стража.

Грција е соочена со рекорден број бегалци и мигранти оваа година. Најголем дел од нив се од Сирија и Авганистан. Над 200.00 се пристигнати до денеска. Речиси сите се носат до северната граница со Македонија од каде потоа се упатуваат до западноевропски држави.