За шест дена од Дума евакуирани над 30.000 лица
Во изминативе шест дена над 30.000 го напуштија сирискиот град Дума во реонот на Источна Гута, соопшти вечерва руското Министерство за одбрана.
- Од 28 март местото Дума го напуштија 30.376 лица, се наведува во соопштението.
За безбедноста на конвоите со евакуирани лица од Дума се грижат сириски полицајци под контрола на руски офицери и на сириската Црвена полумесечина. Евакуираните од Дума се префрлени во деловите од северозападната сириска провинција Идлиб, што се под контрола на бунтовниците.
Според Министерството, од почетокот на хуманитарното примирје во Источна Гута минатиот месец, рускиот Центар за помирување на спротивставените страни организрал евекуација на 154.236 лица од овој реон, кој беше последна бунтовничка енклава во близина на Дамаск.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани