Бизнис
21. July 2021 - 17:22

За седум месеци реализирани само 1/3 од капиталните инвестиции

За повеќе од половина година реализирани само една третина од капиталните проекти. Заклучно со јули  за изградба на училишта, за гасификација, патишта,  градинки , за пруги, потрошени се скромни  133 милиони евра.

За слабата реализација стопанствениците прво вината  ја гледа во работата на Собранието, но и во немањето на комуникација меѓу Владата и реалниот сектор. Со вакви бројки  не очекуваат ниту годинава да се остварат зацртаните капитални проекти.

Од Владата пак генерално  се задоволни  како тече динамиката на реализацијата.

Инаку со првиот буџет за годинава  беа планирани капитални проекти  во вредност од 405 милиони евра, но со ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура , Владата  ги зголеми средствата за оваа намена за речиси 100 милион евра , па така за капитални инвестиции во 2021  планира да потроши скоро половина милијарда евра.