Балкан
4. May 2016 - 8:40

За регрутирање борци за ИД деветмина Албанци добија вкупно 126 години затвор

Суд во Тирана,синоќа донесе пресуда за деветте осомничени за поттикнување тероризам, кои регрутирале и испраќање албански државјани на боиштата во Сирија.

На деветмината обвинети изречена им е вкупна затворска казна од 126 години.

Двајцата имами,Бујар Хиса и Генци Бала, добија затворска казна во траење од 18 односно 17 години,Герти Пашја доби 17 години,додека година помалку Зеќир Имери. Орион Речи, Верви Морава и Едмонд Бала, добија по 13 години затвор, додека Фадил Муслимани и Ардит Тола, 12 односно седум години затвор.

По изрекувањето на пресудата,била предизвикана тензична ситуација во судската сала,откако осудените се заканувале на судот со зборовите„ ќе ја добиете заслужената казна“.

Обвинителството за тешки кривични дела во Тирана, на петти април, побара 152 години затвор за деветмината обвити  со обрзолежение дека поседува доволно докази дека обвинтите, во 2013 година убедувале,регрутирале и испраќале,главно помлади лица да се борат  на страната на џихадистите.  

Обвинетите беа уаспени во март 2014 година.