Македонија
29. April 2020 - 11:59

За првомајскиот викенд сонце и повремен дожд

Времето на 1 Мај ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладнето ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе се движи од пет до 13, а максималната температура од 20 до 26 степени.

Како што соопшти УХМР, до крајот на викендот ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремено зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме. Можна е и појава на град.

За време на викендот минималната температура ќе биде во интервал од пет до 13 степени, а максималната од 18 до 25 степени.

Од понеделник ќе биде постабилно и малку посвежо. Минималните температури ќе бидат од три до 10 степени, а максималните од 15 до 24 степени.