Loading Video...
Спорт плус
29. May 2020 - 11:14
За прв пат во 124 години нема да се трча маратонот во Бостон
За прв пат по 124 години нема да се одржи најпознатиот светски атлетски маратон. Имено, организаторите на најголемиот и најпознат маратон во светот најнапред го пролонгираа, а сега и дефинитивно ја откажаа трката низ улиците на американскиот град Бостон.
Маратонот првично требаше да се одржи на 20 април, но по пандемијата која го зафати и САД, организаторите решија да го пролонгираат терминот за месец септември.
Сепак масовноста која од година во година беше се поголема на бостонскиот маратон, но и огромната бројка на заразени и починати од Ковид-19 во САД, едноставно не му оставија друга можост на организаторот освен да го откаже годинашното издание.
Така следната трка низ улиците на Бостон е планирана за април догодина, разбирливо доколку има услови за тоа, односно доколку светот успее да најде лек на Корона вирусот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->