За прв пат од падот на комунизмот Полјак добил политички азил во Норвешка поради политички прогон
Норвешка одобри азил на полски државјанин кој е осуден на затворска казна за фалсификат и измама. Сепак, Полјакот се пожали дека казната е форма на политички прогон од страна на владата на централноевропската земја.
Случајот на Рафал Хавел е првиот во кој на Полјак му е даден политички азил од падот на комунизмот во Полска пред повеќе од 30 години.Според аналитичари, тоа е уште еден знак дека меѓународната доверба во полското судство е нарушена од владата поради обиди за политичка контрола.
Норвешките имиграциони власти му дадоа азил на Хавел, неговата сопруга и ќерка, една година. Тие исто така имаат дозвола за работа.
Норвешките власти коментираат дека многу ретко даваат азил на државјанин на европска земја.
Во својата одлука, норвешките имиграциони власти наведоа дека полските судови биле исполитизирани и разделувањето на власта е уништено, додека истовремено државата не реагирала на постапките на крајно десничарски организации.
Претходно, Осло го одби барањето на Полска за екстрадиција на Хавел. Некои други судови во Европа одбија да ги екстрадираат Полјаците, тврдејќи дека тие нема да добијат фер судење според сегашната полска влада.
Хавел, кој е основач и раководител на Центарот за следење на расистичко и ксенофобично однесување, се брани дека казната е форма на прогон на организацијата.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија