За прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција 22 проекта во вредност од 7,6 милиони евра
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во Офицерскиот дом во Битола ќе ги потпише договорите за кофинансирање со корисниците на грантови на одобрените проекти од вториот јавен повик преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Грција.
Во рамки на вториот повик од Програмата одобрени се 22 проекти во вкупна вредност од 7,6 милиони евра. Проектите се однесуваат на три приоритетни области, развој на локалната економија, превенција и заштита од природни катастрофи, како и заштита на природното и на културното наследство.
Министерството за локална самоуправа информира дека како координатор на ИПА Програмата за прекугранична соработка обезбедува 15 отсто што ги побарува Европската Унија, како услов за да се користат средствата во земјава од ИПА инструментот на Европската Унија.
Програмата за прекугранична соработка со Грција, како што се наведува, е вредна да се истакне и заради целосната дигитализација на постапката што ја води Министерството за локална самоуправа со корисниците на средствата.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?