За пет месеци изречени 645 мандатни казни од комуналните редари на Град Скопје
Комуналните редари на Градот Скопје во првите пет месеци од годинава изречле 645 мандатни казни, што е четирикратно зголемујвање во однос на изречените казни во тој период лани.
-Комуналните редари на Градот Скопје изминатиов период ги засилија контролите на терен што резултираше со зголемување на казните и опомените и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години, оценуваат од Градот Скопје и додаваат дека лани биле изречени 149 мандатни казни.
Изречените мандатни казни, како што појаснуваат, се однесуваат на сторени прекршоци според Законот за јавна чистота, член 14, според кој се забранува фрлање и оставање градежен шут на јавните површини, фрлање и оставање различни видови отпадоци, оставање стари предмети од домаќинство, палење, закопување и уништување смет, продажба и излагање земјоделски и индустриски производи, освен на местата определени за таа намена, превоз на песок, земја, цемент, глина, земјоделско ѓубре, сено, отпад или слични материјали без претходна подготовка и поклопување на материјалите со поклопец, вклучување во сообраќај на моторни, влечни и запрежни возила од стоваришта или градилишта со валкани тркала, палење и уништување на садовите за собирање смет, уништување на урбаната и друга опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта) и друго.
Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и да не ја загадуваат животната средина, ѓубрето да го фрлаат исклучиво во контејнерите и корпите за отпадоци, да го чуваат зеленилото, прописно да паркираат и да ги почитуваат одредбите од Законот за јавна чистота
Ново на Сител
-
Израелскиот министер за одбрана, Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник