-->
-->
За пет дена во Грција по морски пат пристигнале 390 мигранти и бегалци
-->
Вкупно 390 мигранти и бегалци пристигнале во Грција по морски пат во последните пет дена, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
На островот Самос пристигнале 157 мигранти, 131 на Хиос, а 102 на Лeзбос.
Грчките власти соопштија дека вкупно 9.137 мигранти и бегалци во моментот се блокирани на наведените острови, што се наоѓаат во источниот дел на Егејско Море.
АНА-МПА претходно јави дека грчките пристанишни власти и европските сили ФРОНТЕКС спасиле 141 мугранти кои биле откриени во близина на брегот на Катаколо, во западниот дел на Пелопонез.
Се претпоставува дека тие патувале кон Италија, но нивниот брод почнал да се полни со вода при што испратиле сигнал за помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен