Живот
17. November 2015 - 19:29

За овој херој не се зборува: Се фрлил на бомбаш самоубиец – Спречил поголем масакр

Храбриот маж од Либан се фрлил над бомбашот и ја активирал експлозивната направа пред терористот да дојде до масата луѓе.

Бомбашкиот напад во Бејрут се случил еден ден пред трагедијата во Париз, и во две одвоени експлозии на двајца бомбаши самоубијци од ИСИС, загинале најмалку 37 лица, а повеќе од 200 биле ранети. Ќе имало многу повеќе жртви доколку не бил Адел Термос.

Тој се нашол на местото на првиот напад, пред џамијата во најраздвижената улица во бејрутското предградие Шија, кое го контролира Хезболах, и реагирал инстинктивно. Го забележал бомбашот, се фрлил на него, и ја активирал бомбата прекривајќи ја со своето тело.

Доколку не го направел тоа, бомбашот ќе успеел да дојде до масата луѓе и би загинале повеќе лица. Затоа сега го слават во неговото село Талус, каде на погребот се собрале неколку стотици луѓе. Додека другите го слават неговото дело, неговата ќерка, синот и сопругата тагуваат. Сепак, тагуваат со гордост во срцето, бидејќи светот го запознал Адел каков што и тие го познавале.Screenshot_168

Можеби ова јуначко дело ќе помогне светот да обрати повеќе внимание за проблемите во Либан, каде моментално се наоѓаат милиони сириски бегалци, и каде во последните 30 месеци биле изведени 18 бомбашки, односно терористички напади.