За нов премиер на Франција назначен досегашниот министер за внатрешни работи Бернар Казнев
Францускиот претседател Франсоа Оланд го назначи денеска за нов премиер досегашниот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, се наведува во соопштение од Елисејската палата.
Казнев ќе го замени Мануел Валс, кој поднесе оставка за да се вклучи во претседателската трка во Франција напролет, пренесува БТА.
Новиот француски премиер, на возраст од 53 години, беше министер за внатрешни работи од 2014 година и успеа да се справи со реакцијата на смртоносните напади извршени од џихадистите во земјата минатата и оваа година.
- Казнев е силна личност, со искуство во државните работи, изјави извор од опкружувањето на Оланд.
Валс поднесе оставка на позицијата премиер на Франција, за да се вклучи во борбата за номинација на владејачките социјалисти за претседателските избори во земјата, чиј прв круг е закажан за април, а евентуалниот втор круг - за мај.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
-
Сајбербезбедноста клучна за енергетиката
-
УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
-
Преглед на вестите од светот
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар