За нов премиер на Франција назначен досегашниот министер за внатрешни работи Бернар Казнев
Францускиот претседател Франсоа Оланд го назначи денеска за нов премиер досегашниот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, се наведува во соопштение од Елисејската палата.
Казнев ќе го замени Мануел Валс, кој поднесе оставка за да се вклучи во претседателската трка во Франција напролет, пренесува БТА.
Новиот француски премиер, на возраст од 53 години, беше министер за внатрешни работи од 2014 година и успеа да се справи со реакцијата на смртоносните напади извршени од џихадистите во земјата минатата и оваа година.
- Казнев е силна личност, со искуство во државните работи, изјави извор од опкружувањето на Оланд.
Валс поднесе оставка на позицијата премиер на Франција, за да се вклучи во борбата за номинација на владејачките социјалисти за претседателските избори во земјата, чиј прв круг е закажан за април, а евентуалниот втор круг - за мај.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија