За него е предоцна: Умира зошто користел вакви таблети
Луис Браун (25) сакал соврешено тело за плажа па се предозирал со опасни таблети за слабеење - ДНП.
Препаратот за слабеење ДНП му ја покачил телесната температура до 42 степени.
Браун кој е татко на едногодишно бебе, во теретана тргнал пред две години и почнал да зема стероиди, а набрзо потоа ги откри и ДНП.
Луис земал три или четири таблети ДНП дневно, а во јули 2015 година зел 8 во рок од 12 часа. Забележал дека му се покачила температурата па отишол во болница. Хемикалиите почнале да го напаѓаат неговото тело, па лекарите не можеле ништо да направат. Кога температурата му се качила до 39,8 степени, лекарите го ставиле во вештачка кома, го бањале во ледена вода и го подготвиле семејството за најлошото. Сепак лекарите успеале да го спасат така што му ги отстраниле мртвиот мускул од левата нога.
-Телото почна да се загрева и врие од внатре. Ме ставија во кома за да не си ја зголемувам темпреатурата со движења. Лекарите на семејството му рекоа дека ќе живеам само уште неколку часа, рече Луис.
Три дена бил во кома и уште недела дена на интензивна. Поминал три операции за отстранување на целиот мускул.
-Не знаев што правам. Мислев дека сум посебен. Сакав да добијам на маса и не знаев што правам. Среќен сум што останав жив, вели тој.
Таблетите од опасниот ДНП почнал да ги користи пред две години. Ги купувал од интернет или од пријател. Месечно трошел околу 200 евра на хемикалиите кои ги внесувал или орално или со инјектирање, два-три пати неделно.
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош