Свет
23. March 2024 - 13:04

За масакрот му биле ветени 5.000 евра, признава еден од терористите од Москва | ВИДЕО

Снимка од сослушување на еден од напаѓачите во салата Крокус е објавена од страна на руските медиуми.

На видеото, осомничениот открива дека е таксист, кој од Турција допатувал на 4 март откако примил наредба да ги убие сите присутни во концертната сала по цена од половина милион рубљи или околу 5.000 евра. .

Тој тврди дека бил контактиран преку Телеграм пред еден месец, по што добил оружје и инструкции. 

Наведува дека стапил во контакт со налогодавците преку неговиот проповедник.