Џет-Сет
27. December 2017 - 23:26

За гестот на Балашевиќ зборува целиот регион: Застана на пола песна и го направи она што никој не го очекуваше

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ настапи синоќа во Загреб и со една постапка ги воодушеви сите. За тој гест зборува целиот регион.

Имено, Ѓоле пред многубројната публика во Арена ја запеа култната „Неки нови клинци“, а потоа во еден момент застана и направи нешто што никој не го очекуваше.

Навикнавме на неговите концерти да го слушнеме стихот „...Тад сам сам добио пар манедарина и МАЛОГ БЕЛОГ ЗЕЦА“ и тогаш кон бината летаа плишани играчки. Сега Балашевиќ одлучи да возврати.

-Е сега е доста! 20 години вие мене ме гаѓате со зајачиња, е сега ќе ми платите за се, рече тој и потоа излегоа луѓе со полни корпи плишани зајачиња и почнаа да ја гаѓаат публиката.

Никој не можеше да верува што се случува. Публиката врескаше од среќа, а целиот регион е воодушевен од овој гест.

Потоа продолжи да пее и на самиот крај од преубавата песна додаде:

-Па мене вие ќе ме гаѓате со зајчиња... Тоа го напраија Игор и Маријана, а Маријана за запросивме во Ледената дворана во Загреб.

Погледнете како изгледаше тоа:

Да потсетиме, Игор тогаш посака да ја запроси својата девојка на концертот на Балашевиќ. Го праша дали може тоа да го направи, а Ѓоле секако му одобри, но тогаш Игор се исплаши.

-Јас не смеам, прашај ја ти, му рече.

Маријана, омажи се за нас, е славната реченица која Балашевиќ ја изговори тогаш за да му помогне на Игор.

Маријана и Игор први му фрлаа плишани зајачиња и му испраќаа пораи на Балашевиќ, па поради нив овој гест со зајчињата е направен во Загреб.