За еден месец се удавија 14 лица, ова е плажата на смртта во Албанија
Првиот месец од туристичката сезона во Албанија беше фатален за туристите од Косово, беа забележани голем број на смртни случаи на плажите.
Последната жртва е 35-годишен Албанец од Приштина кој се удавил во морето на плажата Велипој во близина на Драч. Пред него, животот на плажите во Албанија го изгубиле уште најмалку 14 лица од Косово – пренесуваат приштинските медиуми.
На плажите во Драч и Велипој се случиле најголем број смртни случаи, а речиси сите жртви се од Косово.
Првата несреќа се случила на 21-ви јуни кога 63 годишна жена ја изгубила свеста и починала на пат кон болница. Седум дена подоцна почина и 73-годишен маж.
Случаите од давење во водите на морето продолжуваат, а дел од нив се предизвикани и од срцев удар. На плажите околу градот Валона четири лица починаа на 15-ти јули. Само неколку дена претходно, во близина на Драч за неколку минути се удавиле три лица.
Кон крајот на минатата недела во Валона почина и 15 годишно дете, како и уште едно постаро лице на 42 годишна возраст. Полицијата ги регистрира сите случаи, а во поголемиот број од нив медицинските интервенции не помогнале.
Се проценува дека моментално на плажите во Албанија има неколку стотици илјади туристи само од Косово.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас