За две години Бугарија ќе ги затвори сите домови за деца без родители
За две години ќе бидат затворени сите домови за деца без родители во Бугарија, во кои во моментов има околу 650 штитеници, соопшти денеска бугарската министерка за труд и социјална политика Зорица Русинова.
Како што јави БТА, Русинова потсети дека до крајот на 2015 година беа затворени сите институции специјализирани за згрижување на деца со пречки во развојот, а мината недела беше затворен и последниот дом за деца без родители во Софија.
Сите штитеници од домовите ќе бидат префрлени во заштитени живеалишта, во кои ќе бидат сместувани по најмногу 12 деца.
- Овие живеалишта обезбедуваат амбиент поблизок до семејниот и за децата секојдневно ќе се грижат тимови од социјални работници, психолози и лекари, потенцира Русинова.
Таа додаде дека заштитените живеалишта ќе се наоѓаат во градовите и децата ќе бидат вклучени во секојдневни активности, со што ќе стекнуваат социјални навики.
- Институциите по моделот на касарни нудеа многу лоши животни услови и се наоѓаа надвор од населените места, што пречеше за интеграцијата на децата, истакна Русинова при денешната посета на едно од заштитените живеалишта.
Процесот на затворање на домовите за деца без родители во Бугарија започна во 2009 година. За затворање на домовите во периодот 2014-2020 година, се предвидени 650 милиони евра обезбедени од Европскиот социјален фонд и уште 100 милиони евра од бугарската оперативна програма „Региони во развој“.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар