-->
-->
За два денара поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95
-->
Од ноќеска на полноќ за два денара ќе поевтини ЕУРОСУПЕР БС-95. Цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 80 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС - 98 и натаму ќе се продава по 82 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 73 денари, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 72, а Мазут М-1 НС по 43,209 денари за килограм.
Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,48 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа
-
Струјата во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто
-
Приведен крадец баран со потерница
-
ИНСТАТ: Во Албанија живеат 2.281 Македонец, 7957 се попишани како Бугари
-
Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата
-
Се испуштаат агресивни кучиња во Битола, општината побара помош од МВР и АХВ
-
Викендов сончево и топло, од вторник услови за невреме
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите