Македонија
17. November 2022 - 16:39

За директорот на М-НАВ 5.000 евра месечно не е голема плата, ВМРО-ДПМНЕ објави нова листа во случајот „паразити“

5.000 евра месечно не е голема плата за контролор на летање. Вака директорот на македонска навигација се брани по информациите кои во рамките на аферата Паразити ги објави ВМРО-ДПМНЕ и според кои неговата плата граѓаните минатиот месец ги чинела речи си 6.000 евра.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со објавување на функционери на кои месечно им плаќаме по неколку просечни плати. Меѓу нив е и директорот на АЕК, Јетон Акику кој месечно не чини 2150 евра само за плата.

Директорите на МНАВ на почетокот на неделава беа повикани на Владина седница но Премиерот не побара да си поднесат оставки на функциите, како што тоа се случи кога во јавноста излезе информацијата дека директорката на Детската клиника за еден месец поради голем број на дежурства земала 5.000 евра плата. Премиерот најави дека проблемот со скапите директори ќе го решава со нов закон за плати но се уште не се знае кога ќе се случи тоа.