За десет месеци пресечени 12 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш
Во периодот од јануари-октомври 2021 година, во делот на сузбивање на недозволена трговија со дрога извршени се вкупно 390 претреси на дом и помошни простории, 320 прегледи на лица/возила и едно пребарување на терен, а поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ мерки од овластувањата се преземени кон 914 лица, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
– Пресечени се 12 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, при кои разбиени се пет криминални групи, а откриени се и три насади со марихуана на подрачје на Охрид, Струмица и Тетово, како и две лаборатории за производство на марихуана во станови во Скопје, напиша Спасовски.
Поднесени се вкупно 190 кривични пријави против 260 сторители за 188 кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, шест дела „овозможување на употреба наркотични дроги“, четири дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и др.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови