За да си замине порано од работа Кичевец пријавил бомба во РЕК „Осломеј“

Четириесет и четиригодишен жител на Кичево бил лишен од слобода откако лажно пријавил дека во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба, со цел да си замине порано од работа.
Според информациите од полицијата, на 5 март 2026 година околу 02:25 часот, Р.Б., кој е вработен во РЕК „Осломеј“, испратил порака до својот претпоставен во која навел дека има сознанија за поставена бомба во еден од одделите на електраната.
По пријавата, полициски службеници извршиле проверки заедно со обезбедувањето на објектот, при што било утврдено дека станува збор за лажна дојава и дека во објектот нема експлозивна направа.
По преземените мерки, полицијата го пронашла Р.Б. во викенд-куќа во кичевското село Осломеј и го лишила од слобода. Тој признал дека пријавата била измислена и дека ја направил за да може порано да си замине од работното место.
Лицето е задржано во Полициската станица во Кичево, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
-

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
-

Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
-

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
-

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди
