За брзо возење исклучени од сообраќај 33 возачи
Девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од 12. сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајки е причинета материјална штета.
Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај се исклучени 33 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, пет возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 11 нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање се издадени 60 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 68 возила.
Санкционирани се и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување и двајца возачи за неправилно престигнување.
Казнети се и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца за некористење заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 10 возачи за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување моторно возило.
Ново на Сител
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот