Бизнис
14. March 2024 - 14:12

За 3,7 проценти зголемен прометот од продажба на услуги

Прометот од продажбата на услугите во четвртиот квартал од 2023 година покажува зголемување во однос на истиот квартал од 2022 за 3,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истото тримесечје од 2022 година, зголемување се јавува во поголем дел од одделите, а најголемо е во Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) и изнесува 50,1 процент. Во одделот Дејности на вработување има зголемување од 42,4 проценти, а во Емитување програма зголемувањето изнесува 28,9 проценти.