Вулин: Скопје е центар за разузнавачки активности против Србија
Скопје стана она што порано беше Будимпешта, центар на разузнавачки работи против Србија, место каде се обезбедува финансирање и поддршка за цинкароши и сечикеси од целиот регион, за политичари кои веруваат дека единствениот пат за да дојдат на власт е преку соработка со странците, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин.
Тој на ваков оштар начин ја нападна Северна Македонија, коментирајќи ја вчерашната средба во Скопје на премиерот Зоран Заев со лидерот и основачот на опозицискиот блок „Сојуз за Србија“(СзС) Драган Ѓилас, на која, како што соопштија од СзС станало збор за „актуелната состојба во Србија и за двомесечните граѓански протести во Србија „Еден од пет милини“.
-Цврстата позиција на претседателот Александар Вучиќ дека Србија нема да прифати власт на амбасадорите, го доведе под непосреден удар од страна на службите. Скопје стана простор од каде почнуваат и од каде ќе се поттикнуваат напади против Србија и нејзиниот претседател, рече Вулин за провладиниот весник „Вечерни новости“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра