Балкан
7. March 2019 - 19:09

Вучиќ закажа итна седница на советот за национална безбедност: Аналитичарите предупредуваат: Приштинската платформа е неформална објава за војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ закажа за утре седница во 8:30 часот со Советот за национална безбедност, пишуваат српските медиуми. 
 
Како што се наведува, аналитичарите за усвојувањето на платформата за дијалогот  ја коментираат како неформална објава на војна.
 
Косовскиот парламент  ја усвои со голем број на гласови Платформата за дијалог и како што се наведува,ова е конечно инклузивно и правно обврзувачки  договор за нормализација на односот меѓу Белград и Приштина.