Вучиќ: Воведувањето ковид пасоши во Европа е срамна и антиевропска одлука
Претседателот на Србија Александар Вучиќ смета дека воведувањето ковид пасоши во Европа е срамна и антиевропска одлука.
Според него, ковид пасошите ги газат највисоките европски вредности, а тоа се слободата на движење и изборот, пишува Курир.рс.
– За антиваксерите мислам сѐ најлошо, но кои сте вие некому да ограничите движење ако не сака или не може да прими вакцина – рече Вучиќ.
Тој смета дека ковид пасошите ќе ги натераат младите кои сакаат да патуваат побрзо да се вакцинираат за сметка на тоа дека намерата е прво да се заштитат повозрасните граѓани.
– Јас сум единствен во претседателството кој нема антитела зашто уште не сум вакциниран. Да се вакцинирав порано секој ден за тоа ќе имаше во медиумите. Не е во прашање една вакцина туку принцип – вели Вучиќ, додавајќи дека ќе се вакцинира откако бројот на вакцинирани граѓани со две дози ќе надмине милион.
– Да беше по ЕУ не би имале ниту еден вакциниран. Ние сме на европскиот пат, а вие воведувате ковид пасоши за Западен Балкан. Колку вакцини ни додовте – нула од Коваксот – рече тој.
Ново на Сител
-
Орбан честита на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова
-
Гордана Силјановска Давкова победи на претседателските избори
-
ДИК: Од обработени 99,27 од гласовите ВМРО-ДПМНЕ ќе има 58 пратеници, ДУИ 19, СДСМ 18, Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за претседателските и парламентарните избори
-
Социјалистичката партија им ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ
-
Ден на победата над фашизмот
-
Бајден: Ако Израел изврши инвазија на Рафа нема да го снабдам со бомби и артилериска муниција
-
Сообраќајот тековно, по влажни коловози