Вучиќ: Воведувањето ковид пасоши во Европа е срамна и антиевропска одлука
Претседателот на Србија Александар Вучиќ смета дека воведувањето ковид пасоши во Европа е срамна и антиевропска одлука.
Според него, ковид пасошите ги газат највисоките европски вредности, а тоа се слободата на движење и изборот, пишува Курир.рс.
– За антиваксерите мислам сѐ најлошо, но кои сте вие некому да ограничите движење ако не сака или не може да прими вакцина – рече Вучиќ.
Тој смета дека ковид пасошите ќе ги натераат младите кои сакаат да патуваат побрзо да се вакцинираат за сметка на тоа дека намерата е прво да се заштитат повозрасните граѓани.
– Јас сум единствен во претседателството кој нема антитела зашто уште не сум вакциниран. Да се вакцинирав порано секој ден за тоа ќе имаше во медиумите. Не е во прашање една вакцина туку принцип – вели Вучиќ, додавајќи дека ќе се вакцинира откако бројот на вакцинирани граѓани со две дози ќе надмине милион.
– Да беше по ЕУ не би имале ниту еден вакциниран. Ние сме на европскиот пат, а вие воведувате ковид пасоши за Западен Балкан. Колку вакцини ни додовте – нула од Коваксот – рече тој.
Ново на Сител
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот