Вучиќ: Тежок разговор со петорката на ЕУ, САД, Италија, Германија
Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ оцени дека денешната средба со „големата петорка“ била тешка, јави дописникот на МИА од Белград.
-Тешка средба со петорката. Верувам дека во наредниот период ќе најдеме излез од кризата. Очекувам важни средби во Брисел во наредните денови, истакна Вучиќ на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав“.
На состанокот во Белград учествуваа специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, заменикот помошник државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, советниците за надворешна и безбедносна политика на претседателот на Франција и канцеларот на Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер и дипломатскиот советник на премиерот на Италија Франческо Тала.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување