Балкан
25. October 2015 - 18:33

Вучиќ: Србија подготвена да прифати сопствена квота мигранти

Србија е подготвена да прифати „сопствена квота имигранти“, независно дека не е дел од ЕУ, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ при пристигнувањето во Брисел за учество на вонредна средба на ЕУ за миграциската криза на Балканот, јави ТАСС.

- Ние сметаме на денешната средба на високо ниво да биде најдено решение за ЕУ и Западен Балкан. Наша задача е не да градиме нови ѕидови и огради, туку да постигнеме заедничко решение. Ние треба да видиме какви ќе бидат заедничките решенија. Должни сме да ги заштитуваме границите на ЕУ поодделно или ЕУ и земјите од Балканот ќе дејствуваат заедно, рече српскиот премиер.