Вучиќ: Србија од 15 октомври почнува со производство на Синофарм вакцините
„Направивме голем договор вечерва, заедно со ОАЕ и Кина, ќе градиме нова фабрика во Србија за вакцините Синофарм, која ќе ја произведуваме од 15 октомври, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
-Во наредните денови, во рок од две недели, ќе го сториме тоа и јавно и за потпишување. Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцини, за вакцините на Синофарм, кои ќе ги градиме заедно со Емиратите и Кинезите во Србија, а со производство на вакцината ќе започнеме веќе на 15 октомври, објасни Вучиќ во изјавата за РТС.
Тој посочи дека, покрај ходограмот направен со надлежниот руски министер, за производство на руската вакцина Спутни Ве во рамките на институтот Торлак, договорено е фабриката за вакцината Синофарм да се заврши и да започне со производство на 15 октомври.
-Оттогаш ќе имаме големи количини вакцини за нас, но и за целиот регион, бидејќи она што го научив вечерва е дека ќе мора, барем по буквална цена на чинење, да ја даваме вакцината на регионот, затоа што сè тоа што ние нашите луѓе ги лечиме или дејствуваме превентивно нема да вреди ако има проблем во регионот, објасни Вучиќ.
Ново на Сител
-
Штипска Апелација за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници ќе одлучува утре
-
Украина го обвини главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид
-
Фудбалски судија пријавил напад од голман и физиотерапевт од Влазрими Кичево
-
Уште тројца повредени од пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш
-
18-годишна девојка пријавила дека била допирана од машко лице на автобуска постојка во подрачјето на Центар
-
Одбележан Денот на Генералштабот на Армијата
-
Пад од 38,8 отсто на заболените од грип во државава
-
Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Кочани, за двајцата градоначалници ОЈО поднесе жалба до Апелација