-->
-->
Вучиќ: Србија на историски максимум на резерви на природен гас
-->
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека Србија е на историски максимум во резервите на природен гас, јави дописникот на МИА од Белград.
„Обезбедивме 262 милиони кубни метри гас во нашиот дел од магацинот во Банатски двор, а купивме уште 200 милиони кубни метри кои ги складиравме во Унгарија, само за потребите на Србија“, напиша Вучиќ на инстаграм профилот „будуќностстбијеав“.
Тој додаде дека државата ги ремонтира сите термо капацитети што може и се обидува да отвори нови наоѓалишта на јаглен.
„Сѐ на сѐ, сигурен сум дека граѓаните на Србија ќе имаат барем за нијанса помалку студена зима од она што го очекувавме“, изјави Вучиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес