Вучиќ: Ситуацијата се влошува, преземаме мерки за да обезбедиме нормален живот
Ситуацијата во Европа и светот станува се потешка поради конфликтот во Украина и затоа српското раководство ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди нормален живот на граѓаните на нашата земја, изјави во видео обраќањето српскиот претседател Александар Вучиќ преку Инстаграм профилот
-Економските предизвици стануваат се потешки и поголеми. Затоа реагираме на највисоките цени во историјата, и на јаглен и струја и гас и сите суровини. Но, драстично растат и цените на основните прехранбени производи. Затоа е важно да преземеме мерки, а за сите мерки ќе ве информираме во најбрз можен рок, вечерва или утре. Важно е да реагираме без паника, бидејќи убеден сум дека ќе ја зачуваме стабилноста и мирот и добриот живот за нашите граѓани, кажа претседателот на Србија во своето обраќање.
Ново на Сител
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“
-
Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција и дефокус од реформите
-
Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи
-
Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва
-
Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон