Вучиќ-Си Џинпинг: До крајот на годината завршување на разговорите за слободна трговија
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во тридневна посета на Кина на отворањето на Зимските олимпски игри, денеска се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, јави дописникот на МИА од Белград.
-Ова е седма официјална средба со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг. За нас е важно да продолжиме да градиме добри односи и нашата соработка да расте во сите области, објави Вучиќ на Инстаграм.
Тој кажа дека е многу задоволен од средбата и посочи дека кинескиот претседател потврдил дека многу сака да ја посети Србија, како и дека разговарале за стратешки теми.
-Разговаравме за стратешки прашања, взаемната поддршка, зачувување на територијалниот интегритет во меѓународните институции и организации – тоа е многу важно за нашата земја поради Косово, изјави Вучиќ за РТС.
Тој посочи дека прашањето за Договорот за слободна трговија е многу важно за Србија и додаде дека се што е поврзано со тоа треба да биде завршено до крајот на годинава.
-За нас прашањето за Договорот за слободна трговија е страшно важно и кога зборуваме за тоа, не е прашање само за нашите земјоделски производители, за нашите винари и лозари, производители на ракија и се друго, да можат да ги продадат своите големи количини на најголемиот пазар во светот, што е кинескиот, туку станува збор и за носење нови инвестиции, кажа срспкиот ретседател.
Според Вучиќ, тоа е важно и за Западот и другите делови од светот, бидејќи „кога знаат дека Србија има договор за слободна трговија со Кина, тогаш навистина стануваме убедливо најдоброто место за инвестирање во цел тој дел од Европа“.
-Верувам дека тоа ќе придонесе за понатамошна, како што кажа претседателот Си, реиндустријализација на Србија, понатамошен напредок и економски просперитет на нашата земја и дека ќе донесе добри резултати во иднина, нагласи Вучиќ.
Тој наведе дека околу Договорот за слободна трговија се треба да е заврши до крајот на годината.
Како што посочи, на средбата се зборувало и за воено-техничка соработка, но и за инфраструктурни проекти на кои Србија работи со Кина.
-Во Ниш наскоро ќе се отвори кинеска фабрика, со проширување на инвестицијата во Крагуевац, најави претседателот на Србија.
Тој посочи и дека се разговарало и за воспоставување на авио линија Белград-Пекинг и Белград-Шангај, каде што оператор ќе биде авиокомпанијата Ер Србија, се наведува на веб-страницата на претседателот на Србија.
Ново на Сител
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров
-
Уапсен 54 годишен маж - Ја турнал на земја за да и ја земе чантата
-
Истрага за примање поткуп од градежна инспекторка во Куманово, судот определи триесетдневен притвор
-
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина