Балкан
6. April 2021 - 13:06

Вучиќ се вакцинираше против Ковид-19 | ВИДЕО

Доктор Анита Репешиќ од Рудна Глава го вакцинираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На прашањето од жителите на Рудна Глава дали болеше, претседателот одговори:

- Ништо не почуствував, д-р Анита има лесна рака - рече Вучиќ.

Претседателот како вистински џентлмен и донесе цвеќе на д-р Анита Репеџиќ.

Инаку, д-р Анита Репеџиќ претходно во текот на денот изјави дека нема посебни процедури поради доаѓањето на Вучиќ.

Претседателот ја прими вакцината од кинескиот производител Синофарм, а жителите на Рудна глава, покрај неа, ќе имаат на располагање и вакцини од другите три производители (Спутник V, АстраЗенека, Фајзер).