Loading Video...
Балкан
2. December 2022 - 16:29

Вучиќ размислува дали да оди во Тирана, Вархеји го убедува

По утринската средба со европскиот комесар за прошриување Оливер Вархеји, српскиот претседател изјави дека е подготвен заедно со колегите од Владата да ја разгледаат можноста за промена на одлуката да не се патува во Тирана на самитот ЕУ - Западен Балкан.

Процесот на проширување е еден од трите главни приоритети на лидерите на ЕУ. Токму тоа е причината зошто имаме Самит во Тирана каде нашите лидери ќе дојдат во регионот за прв пат да разговараме со регионот за регионот. Неопходно е сите да се вклучат и ни треба Србија да биде присутна  и лидерот на Србија да седне на маса, порача Вархеји.

Вучиќ синоќа рече дека нема да оди на самотот на 5 декември поради потегот на официјална Приштина да го именува Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово и млаката реакција на ЕУ. Според Вучиќ, Ненад Рашиќ ја нема довербата на Србите во Косово а воедно неговото именување е и против Бриселскиот договор.