Вучиќ призна дека не донеле најпаметни решенија во борбата против коронавирусот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на Белградскиот саем прими трета доза вакцина против коронавирусот и повторно апелираше граѓаните да се вакцинираат, јави дописникот на МИА од Белград.
– Можевме да направиме, без да биде спротивно на Уставот, бесплатно да ги лекуваме вакцинираните, а невакцинираните исто да ги лекуваме бесплатно, но само до висината на платените здравствени придонеси на годишно ниво, а остатокот да се плаќа. Тоа би било апсолутно фер. За жал, не се сетив навреме, не се сетив на тоа или премногу верувавме во совеста и одговорноста на народот. Тоа сега пропадна и повеќе не може да се спроведува, кажа Вучиќ.
Тој додаде дека во просек здравствените придонеси изнесуваат 500-550 евра годишно, што е нешто помалку од трошоците за еден ден болничко лекување.
– Да го направевме тоа ќе имавме подобри резултати во вакцинацијата, но сега може само да апелираме до граѓаните да се имунизираат, изјави Вучиќ.
Тој најави дека здравствените работници ќе добијат најголемо зголемување на платите во 2022 година, како и дека се размислува за дополнителна награда за медицинските лица кои го понесоа најголемиот товар во борбата против епидемијата.
Одговарајќи на новинарски прашања по примањето на дополнителната вакцина, Вучиќ оцени дека на Балканот постои „тајкунско-мафијашко-криминален сојуз” кој, како што рече, „мора да ја урне Србија”.
Српскиот претседател оцени дека во тој сојуз има луѓе од Србија, од „окупираните делови” на земјата, како и од други земји, вклучително и оние од Западот кои ја признаа независноста на Косово и работеа на обезвластување на Република Српска.
– Што ќе кажете кога главната вест е дека Србија е убедливо најуспешна во привлекувањето странски директни инвестиции бидејќи повеќе од 60 отсто од вкупните инвестиции во регионот се во Србија. Тие не веруваа дека Србија може толку брзо да се опорави по пустошот од 1990-тите, а особено по 2000 година. На никој од нив не им треба економски силна Србија. За нив само уништена Србија ќе биде добра, демократска Србија, додаде Вучиќ.
Во врска со барањето на група американски конгресмени кои побараа од американскиот претседател Џо Бајден да размисли за воведување санкции за оние кои го дестабилизираат Западен Балкан и го обвинија српскиот претседател за „продлабочување на корупцијата и притисок врз медиумите”, Вучиќ нагласи дека „Србија е стабилизирачки фактор на Балканот”.
Ново на Сител
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице
-
Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија
-
Престрелка во Скопје, едно лице застрелано
-
Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција
-
Српското Независно здружение на новинари побара локалните медиуми да ги избришат фотографиите и снимките од погребот во Кочани
-
ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Заменикот МНР на Грција се потпиша во книгата на жалост и изрази сочувство за трагедијата во Кочани
-
Штип се прости од петтемина загинати во пожарот во Кочани