Вучиќ: Односите меѓу Хрватска и Србија ќе бидат значително унапредени
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изрази уверување дека односите меѓу Србија и Хрватска ќе бидат значително унапредени, како и односите меѓу Србите и Хрватите во целина.
- Изразувам искрено уверување дека односите меѓу Србија и Хрватска ќе бидат значително унапредени, како и односите меѓу Србите и Хрватите во целина. Сигурен сум дека Владата на Хрватска, како и сите ние во Србија, во тој важен и позитивен процес ќе дадеме полн придонес, напиша Вучиќ на Твитер.
Тој воедно изрази оптимизам и кога е во прашање економијата и изрази надеж дека меѓусебната соработка на тоа поле во иднина ќе биде подобрена, бидејќи тоа е во интерес на двете земји.
Инаку, Вучиќ денеска ја завршува работната посета на Хрватска со средби со претставници на српската заедница во општината Гвозд, а попладне заедно со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ќе присуствува на собранието на Српскиот народен совет.
Вучиќ вчера имаше средби со Грабар-Китаровиќ, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со претседателот на Саборот Гордан Јадронковиќ.
Ново на Сител
-
Неготинец пријавил измама од тетовец за работа во странство
-
Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години
-
АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид
-
До недела променливо време со повремен дожд и ветер
-
Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово во сабота без вода
-
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
-
Помалку дипломирани студенти во 2024 година
-
Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин