Вучиќ очекува брзо решавање на спорот со Хрватска
Српскиот премиер Александар Вучиќ вечерва изрази уверување дека во следните неколку дена ќе биде решен спорот со Хрватска.
Вучиќ за РТС истакна дека верува дека проблемот околу затворените граници ќе биде завршен во најкраток рок, нагласувајќи дека тоа не зависи од Белград.
- Познат сум како песимистичар, но ќе дадам проценка дека ова прашање ќе се реши во следните неколку дена, истакна Вучиќ, додавајќи дека со хрватските власти разговарал четири дена пред да бидат воведени контра мерки.
Баравме да дозволат минување на камиони, а не се работи само за наши камиони. Потоа уште еднаш го одложивме применувањето на нашите мерки, но моравме да ја заштитиме нашата земја, бидејќи во спротивно ќе покажевме дека државата Србија не постои, објасни Вучиќ.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци