Вучиќ најави дека ќе распише избори до крајот на годината
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност изборите што ги бара опозицијата да бидат распишани до 31 декември и да се одржат на 4 март 2024 година или една недела порано.
„Избори ќе има, подготвен сум да се сретнам со опозицијата и согласно она што тие го побараа да бидат распишани до крајот на оваа година, а да се одржат во март следната година“, изјави Вучиќ на ТВ Пинк околу барањето на претставниците на опозицијата за одржување на предвремени парламентарни и избори за градот Белград, доставени до него на 11 септември.
Вучиќ зборувајќи за барањето на опозицијата, во кое се споменува распишување избори до крајот на годината, за претставниците на опозицијата рече дека се „неписмени“ и дека размислувале за нешто друго, односно за одржување избори до крајот на годината, додавајќи дека и тоа ќе го земе предвид, па соодветно на тоа ќе им „излезе во пресрет“.
„Еве ќе ги распишеме изборите до крајот на годината, на 31 декември за да бидат на 4 март. Мислам дека тоа се 60 дена. Ако не, тогаш една недела порано“, рече Вучиќ.
Тој порача и дека е против враќање на ценсузот од сегашните три на пет проценти и дека е добро сите „помали“ партии да бидат застапени во собранието.
Вучиќ, коментирајќи ги пишувањата во медиумите дека Александар Вулин наскоро ќе биде сменет од функцијата директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА), изјави „Вулин најверојатно немаше да биде на чело на БИА доколку не се заканија дека тој не смее да биде на тоа место“.
Според него, на Вулин му го „продолжиле животот“.
„Можеби и планирав да го заменам, но сега не можам… Еве го Вулин. Му го продолжија мандатот“, рече Вучиќ во гостувањето на ТВ Пинк.
Тој ги демантираше пишувањата на медиумите дека Вулин на чело на БИА би можел да биде заменет од Марко Ѓуриќ, актуелен амбасадор на Србија во САД.
„Никогаш во животот не размислував за Марко Ѓуриќ за БИА“, изјави Вучиќ.
Ново на Сител
-
Граѓанските иницијативи кај Сиљановска за изборен закон
-
Прв круг локални избори на 19 октомври
-
Со едукација, а не со отпуштања државата ќе ги мотивира неработниците во јавниот сектор
-
Граѓани пријавиле дека во здравството им било барано мито – Министерот Алиу ќе проверува дали е вистина
-
Филков: За една година поднесовме 22 системски закони за враќање на правдата
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа