Вучиќ најави 5.000 евра за секое родено дете во Србија
Александар Вучиќ најави промена на законот за бремени жени и значително зголемување на стимулациите за новороденчињата. Судејќи според најавите, од денешните еднократни 100.000 динари, односно околу 900 евра за раѓање на првото дете, мајките и татковците во Србија може да очекуваат придобивки до 5.000 евра за раѓање на дете.
Вучиќ најави дека Србија ќе биде „најсилната земја во Европа според стапките на стимулација на раѓање“.
„Ќе одиме со измени во законот и ќе им олесниме многу работи на бремените жени и мајки, а исто така ќе одиме со големо и значително зголемување на износот за раѓање деца – за прво, второ, трето, четврто дете“, рече Вучиќ како гостин на ТВ Пинк.
Патем, сегашните придобивки за родителите или како што народот го знае „родителскиот додаток“ за првото дете, изнесуваат 100.000 динари и се плаќаат еднаш. Гледајќи во најавата за зголемувањето, еднократната исплата би се зголемила за повеќе од 4.000 евра.
Значи, судејќи според најавата на претседателот на Србија, дека секое новородено дете ќе добие до 5.000 евра, односно „прво, второ, трето и четврто“ дете.
Најавените мерки ќе донесат голем поттик и за второроденото дете. Досега, родителите добиле 240.000 динари за второ дете, односно околу 2.000 евра на рати, а според најавите на Вучиќ, според новата одлука, помошта би била многу поголема.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени